Одлична партија на Андоновски против италијанскиот шампион

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски ја продолжува одличната форма во која настапува во италијанскиот шампионат.

Неговиот тим Трст загуби на домашен терен од италијанскиот првак Фасано со 27-23, но домаќините пружија силен отпор.

Андоновски беше меѓу најдобрите поединци, играше во два правци и успеа да постигне четири погодоци во противничката мрежа.

Трст има 12 бодови и се бори за опстанок во италијанскиот шампионат, а во следното коло му гостува на Бозен.