Од следната сезона нов тим во Женската лига

Женската лига од следната сезона ќе биде збогатена за уште еден нов тим, па би можела да брои 16 екипи, доколку играат сите екипи што се дел од оваа сезона во единственото женско натпреварување.

Новиот тим што ќе се пријави е составот на Јехона од Гостивар, кој повеќе сезони наназад има одлична работа со младинските категории во женска конкуренција.

Од времето кога во женската елитна конкуренција последен пат играше некогашниот тим Универс, поминаа дури 15 години.

Тогаш во тимот од Гостивар играа Ева Диневска, Амина Идризи, Сања Дабевска, Моника Јанеска, Белма Беба, Ана Стојков…

Јехона, покрај сениорската екипа, за следната сезона одново ќе пријави пионерки и кадетки во лигите на РФМ.