Oд денеска нема ракомет ниту во Србија

Откако беше одиграно 21. коло од најсилната лига во Србија, челниците на Ракометниот сојуз на северниот сосед донесоа одлука која беше очекувана и првенството од денескае во прекин.

Последните неколку кола беа одиграни без публика, но веќе има сè поголем број на заразени од Корона вирусот, па затоа дојде до промена и до нова одлука.

Со ова натпреварите застануваат, а нема конкретна информација кога ракометарите би се вратиле на терените.

Засега ситуацијата е иста како и во другите земји, па останува да се види што и како ќе се случува во следниот период и кога ракометарите ќе може одново да се најдат на терен.