Нов трансфер на екс вардарецот Дутра, ќе игра за Ал Араби од Катар

Поранешниот среден бек на Вардар, Леонардо Дутра Фереира, ќе заигра за катарскиот Ал Араби на претстојниот азиски клупски шампионат.

По заминувањето од „црвено-црниот“ тим тој бразилскиот плејмејкер играше за Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Освен Дутра Фереира, катарскиот Ал Араби се засили уште со четворица ракометари што ќе треба да му помогнат во битката за трофеј.

Станува збор за исландската легенда Александер Петерсон, потоа Рафел Капоте, Омар Ал Фули, како и Абдул Рахман.

Актуелниот член на Вардар, Косуке Јасухира, исто така ќе игра на азискиот шампионат, во дресот на Ал Кадсија.