Нов распоред за ЛШ: Еурофарм Пелистер тргнува од Париз, Фуксе Берлин прв гостин во Битола

Европската ракометна федерација го потврди распоредот за новата сезона во Лигата на шампионите.

Во договор со клубовите и ТВ куќите што ќе ги пренесуваат натпреварите, распоредот претрпе големи промени од оној според пропозициите, најмногу поради тоа што дел од државите имаат по два клуба во елитното натпреварување.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер наместо домашен натпревар против ПСЖ, сезоната ќе ја почне со гостување во Париз, а во второто коло ќе биде одигран првиот меч во Битола со гостин од Германија – Фуксе Берлин.

Oваа година ќе бидат одиграни десет кола, додека во февруари и март 2025 година ќе се доиграат уште четири, пред да бидат познати осминафиналистите.

Еурофарм Пелистер групната фаза ќе ја заврши со натпревар против ПСЖ на домашен терен на 5/6 март.

Распоред на натпревари, Лига на шампиони, сезона 2024/25:

1 коло, 11-12/09/2024, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
2 коло, 18-19/09/2024, Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин
3 коло, 25-26/09.2024, Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер
4 коло, 09-10/10/2024, Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
5 коло, 16-17/10/2024, Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
6 коло, 23-24/10/2024, Еурофарм Пелистер – Веспрем
7 коло, 30-31/10/2024, Фредериција – Еурофарм Пелистер
8 коло, 20-21/11/2024, Еурофарм Пелистер – Фредериција
9 коло, 27-28/11/2024, Веспрем – Еурофарм Пелистер
10 коло, 04-05/12/2024, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
11 коло, 12-13/02/2024, Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
12 коло, 19-20/02/2025, Еурофарм Пелистер – Динамо Букурешт
13 коло, 26-27/02/2025, Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
14 коло, 05-06/03/2025, Еурофарм Пелистер – ПСЖ