Нов предизвик за Сања Дабевска – кружниот напаѓач ќе игра во Израел!

Македонската интернационалка Сања Дабевска во новата сезона ќе игра во амбициозен клуб од израелскиот шампионат.

Таа ќе биде дел од тимот на Хапоел Ашдод, откако минатата сезона ја помина во составот на Бор од Србија.

Дабевска претходно ги бранеше боите на Локомотива Загреб и ПАОК Солун, каде што освои шампионска титула, а со хрватскиот тим беше дел и од Лигата на шампионите.

Кружниот напаѓач во Македонија играше за Металург, Куманово и Пелистер, а беше дел и грчкиот Јонијас, романските Униреа Слобозиа, Галаци и Четате Дева, како и унгарскиот Дунајварош.