Македонското лево крило Бојан Маџовски се наоѓа пред нов интернационален предизвик во кариерата.
Според пишувањата на „Моцарт Спорт“, Маџовски е на чекор до трансфер во српскиот Партизан, каде тренер е Ѓорѓе Чирковиќ.
Српскиот стратег соработуваше со Бојан Маџовски во Битола и добро му се познати неговите квалитети.
Маџовски освен за Металург и за Еурофарм Пелистер, минатата полусезона настапуваше и за црногорскиот Ловќен.
Партизан прави конкурентен тим за наредната сезона и покрај Маџовски, најавени се и други засилувања.