По повредата на капитенот Страхиња Симиќ, кој заработи повреда на шутерското рамо на турнирот во Струга, тимот на Тиквеш остана без уште еден ракометар.
Младинскиот репрезентативец Славчо Шулески заработи сериозна повреда и го скина предниот вкрстен лигамент на коленото.
Тоа значи неизбежна операција и пауза од ракометните терени од најмалку шест месеци во зависност од процесот на рехабилитација.
Новиот стратег на кавадарчани Кристијан Грчевски ќе мора да бара ново играчко решение на средната бековска позиција или да комбинира со некој од левите бекови.
Тиквеш во првото коло од суперлигашката конкуренција стартува со натпревар на домашен терен против актуелниот првак Еурофарм Пелистер.