Николов и Начевски ќе му судат на светскиот првак Данска!

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски доби нова задача, и повторно во данскиот Хернинг.

Тие ќе го судат дербито на денот, односно на првото коло од главната рунда меѓу домаќинот Данска и Германија.

Македонската двојка ќе и суди на Данска, па скандинавците ќе имаат можност да се уверат во тоа што значи квалитетна арбитража, за разлика од тоа што беше случај кога дански арбитри и судеа на Македонија против Холандија.

Овој натпревар се игра во „Јиске Банк Боксен Арена“ во Хернинг со почеток во 20:30 часот, а двете селекции досега немаат пораз на СП.