Николов и Начевски делегирани во квалификациите за ЕП 2026

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 и 4 коло во квалификациите за ЕП 2026.

Најдобрата двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски доби задача за дерби натпреварот од групата 7.

Тоа е дуелот меѓу второпласираната Полска и првопласираната Португалија што ќе се игра во градот Гдањск.

Овој натпревар е закажан за 13 март од 18:00 часот, а делегат на ЕХФ ќе биде Сондорс од Летонија.