„Ние сме професионалци – но не можеме да избегаме од проблемите“

Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад се соочува со големи финансиски проблеми и во изминатиот период норвешкиот клуб активно работеше со цел да избегне банкрот.

Тренерот на Вајперс Кристијансад, Томаш Хлавати, во интервју за норвешкиот портал handball.no. зборуваше за моменталната ситуација во клубот.

,,Ние сме професионалци и секогаш се трудиме да си ја работиме работата. Јасно е дека е невозможно да избегаме од проблемите. Сепак, ќе им оддадам признание на девојките. Тие се држат заедно, функционираат одлично. Би рекол дека финансиските проблеми немаа големо влијание во нашата игра. Имаме и прекрасна публика која не поддржува. Ние играме ракомет не само за себе, туку и за нив. Гледачите треба да уживаат во натпреварите”, изјави Халвати.

Вајперс Кристијансад избори  пласман во осминафинале во европската елита, откако успеа во групата Б, во која се наоѓа и ланскиот финалист ФТЦ, да  ги постигне зацртаните цели.

Норвешкиот шампион следниот викенд на свој терен ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза од ЛШ, а ривал ќе му биде Икаст.