Десниот бек од Нигерија, Фарук Јусуф, кој беше откритие на кадетскиот Мундијал во Македонија во 2019 година и кој требаше да заигра за Бутел Скопје, ќе оди на нова позајмица.
Јусуф во следната натпреварувачка сезона 2024/25 ќе игра на позајмица во францускиот суперлигаш Лимож и ќе има можност да добие уште поголемо искуство, со оглед на тоа што француската лига е една од најсилните во Европа.
Откако неговиот трансфер со Бутел Скопје не беше успешно реализиран, иако имаше потпишано договор, во текот на 2020 година ги засили редовите на Келце, се обврза на договор до 2028 година, но поради големата конкуренција во тимот на Душебаев, беше решено во текот на 2022 година да биде испратен на позајмица во Гранољерс.
20-годишниот ракометар минатата сезона имаше одлични партии во Асобал лигата и го доби признанието за откритие на сезоната 2022/23 во Шпанија. Несудениот член на Бутел Скопје беше меѓу најзаслужните за обезбедениот пласман на Гранољерс на Ф4 турнирот во Лигата на Европа минатата сезона.
Во Лимож ќе биде замена за словенечкиот репрезентативец Јуре Доленец и ќе настапува заедно со екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, кружниот напаѓач Томислав Кушан, кој пред извесен приод го продолжи договорот на уште една сезона.