Нема веќе непознати – еве како ќе изгледа плеј-оф табелата во Женската лига

Иако има да се одигра уште едно коло до крајот на регуларниот дел, познати се сите екипи што ќе разигруваат за титулата.

Покрај шампионот Ѓорче Петров, кој има седум од седум, на максимум е и вицепрвакот Чаир, а многу веројатно така и ќе остане по последното коло. Металург Автокоманда, исто така нема пораз, но запиша едно реми досега.

Од групата А, покрај Чаир, во плеј-офот патува и Астибо од Штип, од групата Б тоа е екипата на Куманово, додека од В група меѓу најдобрите шест се пласира и Вардар. Првопласираните екипи пренесуваат 1 бод, а второпласираните ќе стартуваат без бодови. Овие шест екипи ќе одиграат уште 20 натпревари меѓусебе (двокружно, односно по четири пати секој со секого), по што ќе се добие шампионот на Македонија.

Останатите девет екипи ќе играат во плеј-аут, кој практично нема важност, бидејќи нема испаѓање. Во плеј-аут, ќе се игра еднокружно и ќе има вкупно 18 кола, по што ќе биде познат конечниот пласман на екипите сезонава. Третопласираните пренесуваат во плеј-аут по 2 бода, четвртопласираните ќе стартуваат со 1 бод, додека последнопласираните нема да пренесат бодови.

Последното 8 коло од регуларниот дел во Женската лига, кое нема да смени ништо на табелата во однос на ниту една екипа, ќе се одигра следниот викенд, 16/17 ноември. Првото коло од плеј-офот е закажано за 18/19 декември, додека второто коло од разигрувањето за титулата е на 21/22 декември. Од плеј-аут до крајот на оваа година ќе се одигра само едно коло на 21/22 декември, со што ќе заврши есенската полусезона во Женската лига. Стартот на пролетниот дел е закажан за 8/9 февруари 2025 година.

Женска лига, плеј-оф:

Ѓорче Петров 1
Чаир 1
Металург Автокоманда 1
Вардар 0
Куманово 0
Астибо 0

Женска лига, плеј-аут:

Скопје 2
Пелистер 2
Деспина 2
Спартак 1
Овче Поле СУ 1
Ѓорче Петров 2 1
Стружанка 0
Гевгелија 0
Шампион 0