Нема веќе билети за 1 евро во Лигата на шампионите!

На последниот состанок на Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација беа донесени и потврдени неколку одлуки.

Една од нив се однесува на цената на билетите за гостински навивачи во Лигата на шампионите во двете конкуренции.

Досега домаќините на натпреварите беа обврзани според пропозициите 50 билети од вкупниот број (10% од капацитетот на салата) што би им припаднале на гостите да ги продадат за само 1 евро.

Тоа отсега нема да биде така и оваа одлука ќе биде вклучена во пропозициите за новата сезона во елитната конкуренција.

Ваквата одлука своевремено беше донесена за да се мотивираат навивачите да патуваат на гостинските натпревари на својот тим.