Некогашниот вардарец Брумен се враќа во Изола

Некогашниот ракометар на Вардар, Матјаж Брумен, во новата сезона би можел да има нов тренерски предизвик.

Брумен, кој зад себе има богата кариера како играч, најверојатно од лето ќе го води тимот на Изола, пишува „Handballia“.

Тоа би требало да биде камбек за Брумен во Изола, каде што ја заврши играчката, а ја започна тренерската кариера, а во меѓувреме беше тренер на Јадран Хрпелје Козина.

42-годишното десно крило во Вардар настапуваше во периодот од 2013 година до 2016 година, а потоа играше за Нексе Нашице, Горење Велење, Слован Љубљана.

Пред доаѓањето во Вардар ги носеше дресовите на Пруле, Целје и Копер, од каде што се пресели во Скопје.