Некогашниот капитен на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој по две години минати во унгарската Татабања ќе се пресели во грчкиот Олимпијакос, кој е предводен од хрватскиот стратег Жељко Бабиќ.
По заминувањето од Битола, Периќ не се изнаигра во Татабања бидејќи имаше проблеми со повреди.
Покрај Периќ, Oлимпијакос за следната сезона ќе го ангажира и десниот бек Предраг Вејин од Нексе Нашице.