Некогашната ѕвезда на Франција ангажирана како „џокер“

Дижон денеска ја официјализираше соработката со Гнонсиан Ниомбла, која своевремено беше една од најдобрите репрезентативки на Франција.

Искусниот среден бек последниот клупски ангажман го имаше во романската Глорија Бистрица, каде што настапуваше од 2023 и во Дижон доаѓа како „медицински џокер“.

Бидејќи се повреди Стине Лендборг, францускиот клуб мораше да најде соодветка замена за остатокот од сезона, а одлуката падна токму на искусната Ниомбла.

Поранешната ѕвезда на француската репрезентација, која се закити со сребро на Олимписките игри во 2016 година, како и со злато на Светското и Европското првенство во 2017 и 2018 година, пред две години одлучи да игра за Сенегал.

Сега, со своето искуство и квалитет, ќе се обиде да му помогне на Дижон во завршницата на сезоната.