Искусниот стратег и екс тренер на Пелистер, Ратко Ѓурковиќ, во новата сезона ќе има голем предизвик на интернационално ниво.
Црногорскиот тренер, кој е еден од главните кандидати за нов селектор на машката сениорска репрезентација на Црна Гора, ќе го предводи Татран Прешов.
Раководството на словачкиот шампион и Ѓурковиќ се договорија на соработка, која ќе биде со важност од една година.
Доколку двете страни бидат задоволни од сработеното, тогаш постои опција да биде му биде продолжен договорот на 49-годишниот стартег.
Ѓурковиќ во својата тренерска кариера ги предводеше Ловќен, Орми Патра, Комло, Борац Бања Лука, Орошаза, Црвена Ѕвезда…
Во Македонија во 2011 година краток период го водеше составот на Пелистер. Од Пелистер кариерата ја продолжи во грчкиот Орми Патрас со кој стана вицешампион на Грција.