Откако ја заврши кариерата минатата сезона, поранешниот македонски и српски репрезентативец Немања Прибак, реши да остане во ракометот, но во поинаква улога.
Заедно со уште неколку негови пријатели и поддршка од градската власт, кон крајот на минатиот месец Прибак формираше клуб, Железничар Југ, кој треба да биде наследник на претпознатливиот бренд од Ниш.
Клубот ќе стартува од Првата Б лига, а амбициите се за неколку сезони и пласман во српската елита.
Прибак имаше плодна кариера, настапуваше за екипи како Вардар, Војводина, Нант…а по негови заслуги градот Ниш се враќа на ракометната мапа.