Екс ракометарот на Вардар, Немања Грбовиќ, реши да ја заврши својата репрезентативна кариера и во иднина ќе се посвети само на клупските настапи.
Кружниот напаѓач, кој во редовите на Вардар играше во сезона 2010/11, во неделата го одигра последниот натпревар во националниот дрес.
На Гровиќ не му се исполни желбата неговиот последен репрезентативен натпревар да биде крунисан со пласман на Светското првенство 2025, биејќи Црна Гора доживеа неочекувана елиминација.
Црна Гора во баражот за Светското првенство ја имаше Италија и на двете пресметки беше поразена од „азурите“. Црногорците сега преку вајлд-карта ќе се обидат да бидат дел од Мундијалот следната година.