Неготинци со победа се загреаја за најважниот дел од сезоната

Ракометарите на Вардар Неготино денеска ја имаа последната „контролка“ за вториот дел од сезоната во суперлигашката елита.

Вардар Неготино на свој терен беше убедлив против косовскиот Кастриоти Феризај, триумфираше со девет гола разлика, 40:31.

Избраниците на Игор Котевски доминираа во текот на целиот натпревар, на полувреме имаа позитива од 21:16 и во вторите 30 минути дојде до израз квалитетот меѓу двете екипи.

Тимот на Вардар Неготино во вториот дел од сезоната ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори да го сочува суперлигашкиот статус.

Прв ривал на Вардар Неготино во битката за опстанок ќе биде екипата на Куманово, која осетно се засили.