Вториот тим од Автокоманда славеше на гостувањето кај Вардар Неготино со 41:32 во натпревар од 3. коло од прволигашкиот плеј-оф.
За младиот тим на Бочкаровски ова беше важен триумф во борбата за првите две позиции на табелата
Како што е познато, првопласираниот обезбедува директно место во Супер лигата, а второплсираниот игра бараж.
Гостите од Автокоманда на пауза имаа плус три, 19:16, а со подобрата игра во вториот дел дојдоа до посакуваната цел.
Најефикасен во победничката екипа беше Бобан Поповски со осум погодоци, по седум постигнаа Теодор Пецановски и Марко Каракалашев.
Кај Вардар Неготино прв стрелец беше Мирослав Митевски со осум погодоци, а го следеш Петре Пеовски со шест.