Не е само Шмид – и Зендер ќе биде голема опасност по голот на Македонија на ЕП

Екипата на Рајн Некар, која во квалификациите за Лигата на Европа го елиминираше Вардар, доживеа неочекуван пораз во 18. коло од Бундес лигата. Рајн Некар на свој терен беше поразен од повратникот во Бунес лигата, тимот на Ајзенах, со 27:26 (13:13).

Ајзенах во сензационалната победа беше предводен од репрезентативецот на Швајцарија, Мануел Зендер, кој постигна дури 14 погодоци, последниот го реализираше од пенал за освојување на двата бода.

24-годишниот ракометар игра во одлична форма сезонава, моментално ја предводи листата на стрелци во најсилната лига на светот.

Зендер на 18 одиграни натпревари постигна 137 погодоци, освен на дуелот со Рајн Некар, забележителни партии имаше и против екипите на Фленсбург, Магдебург, Мелсуген…

Формата на Зендер треба да го радува селекторот на Швајцарија, Михаел Сутер, кој за настап на Европското првенство во Германија смета и на услугите на 24-годишниот ракометар.

Швајцарија е еден од ривалите на Македонија на континенталниот собир во јануари.