„Натурализација во Македонија – само ако носи вредност“

Натурализацијата на играчи, па и членови на стручен штаб не е нешто ново за Македонија, како во машкиот, така и во женскиот ракомет и национален тим.

Поранешниот селектор на женската младинска и сениорска репрезентација Симе Симовски смета дека тоа е потребно само доколку носи некоја вистинска вредност.

„Во мое време имавме разговори за натурализирање на играчи во репрезентација, но јас не сум поддржувач на тоа. На клупски план убаво е да има странци за да се крене рејтингот на сите клубови, по еден по двајца, за да се создаде и поголема конкуренција. Гледаме дека и најдобрите играчи Роналдо или Меси кога има конкуренција играат на повисоко ниво. Тоа може да не крене. За репрезентација би се сложил, единствено, ако ни треба играч на некоја позиција и ние носиме екстра голман или бек, кој вистина го купуваш и тоа е тоа, играч кој ќе вреди и ќе решава натпревари. Тоа треба стручниот штаб да анализира и да одлучи, ние од страна не. Што се однесува до странци во стручен штаб – само ако носат некоја вредност. Ако тие умешно и успешно го рефлектираат своето играчко искуство во националниот тим зошто да не!? Дали имаме бенефит од тоа? Дали нешто ќе научиме, ние и играчите? Исто така, тргнувам од себе, мора да се постави кодекс, на облекување, на однесување на сите – од тренер до играч, а ние мислам дека тоа го немаме во моментов. Потребно е да постојат скалила за некои работи, да се оди чекор по чекор, не само да се поставуваат луѓе на функции. Ќе појдам од мене, можеби и кај мене се скокани скалила, но мислам дека не – бев двапати асистент во А тим, селектор на младинки, па потоа станав селектор на сениорките.“

За репрезентацијата, но и другите тренерски искуства на Симовски, прочитајте во викенд-интервјуто…

ИНТЕРВЈУ СИМЕ СИМОВСКИ: Сакам со Ѓорче Петров нешто да докажам и на себе и на другите!