ПСЖ загуби првпат сезонава во Франција!

Екипата на ПСЖ, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалез, го доживеа првиот сезонски пораз во францускиот шампионат.

Во натпревар од 23. коло „светците“ на гостувањето кај Нант беа поразени со два гола разлика, 32:30 (16:16).

Тимот на Гонзалез водеше во вториот дел, но домаќините во последните десет минути го свртија резултатот во своја корист.

Ниту 11-те постигнати погодоци на Елохим Пранди не беа доволни за барем бод на актуелниот француски шампион.

ПСЖ останува на лидерското место на табелата, сега има 43 бодови, додека Нант е втор со три бодови помалку, односно 40.