„Најтешко е татко ти да ти биде тренер“

Македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски може да се пофали дека досега во кариерата работел со врвни тренерски имиња како Лино Червар, Александар Јовиќ, Александар Петровски, Веселин Вујовиќ, Раул Гонзалез, Роберто Парондо, Давид Писонеро, Стевче Алушовски…

Тренер му бил и неговиот татко Оливер, за кое вели дека е најтешко искуство.

„Сум имал среќа или несреќа (се смее) ама работев со многу тренери. Таква ми беше линијата на движење и се е индивидуално, некој тренер ти одговара, некој не. Но од секој можеш да научиш по нешто. Кога Оли (Оливер Димитриоски) ми беше тренер – најтешко поминав. Секогаш Диме беше казнет, Диме беше избркан од тренинг, но и тоа е со некоја цел. Тој ми кажа дека во таква ситуација треба трипати да работам повеќе од другите за да не биде дека татко ми ме турка. Ми помагал со некои детали, но најчесто од него добивам критики. Има скриена порака во сите предавања на тренерите од кои ако си паметен ќе научиш нешто. Некогаш знам и да запишам некоја реченица ако ептен ми оставила впечаток. На пример Вујо вели: ’Мала е линијата од просечен до врвен играч’, а Лино значеше да не подучи: ’Топката е злато и не смееме да ја продадеме’. Сега сфаќам колку тие зборови значат.“

Целосното интервју со левото крило може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ: Македонските играчи мора да излезат од комфор-зона за да дознаат колку вредат!