Најреално: Киелце и ПИК Сегед освоија по еден бод

ПИК Сегед сезонава многумина го потценуваат, но унгарскиот тим за малку ќе направеше изненадување во Полска против Киелце. На крајот двете екипи се задоволија со делба, играјќи 27-27 (14-15) па после 5. коло во А групата од ЕХФ лигата на шампионите ставија по еден бод на своето конто.
Ова реми помалку му одговара на Киелце бидејќи наместо да биде на делба на 3. место со Колстад, сега полјаците се во група со Загреб и Алборг, кои имаат по 5 бода и се на делба на 4 место. ПИК Сегед е претпоследен на табелата, но има три бода, оставајќи го зад себе Еурофарм Пелистер на фенерот без бодови.

Средбата во Полска мина со повремени периоди во кои секој од тимот имаше предност, но никој не направи резултатско бегство. Во последните пет минути Киелце влезе со предност од 25-23, а во 58 минута гостите со пресврт стигна до предност 26-25. Деан Бомбач во последната минута зголеми на 27-26, а на 30 секунди до крај Морито израмни на 27-27. Имаше ПИК Сегед последен напад за триумф, но не стигнаа да направат акција со која ќе го загрозат голот на Милош Валач.

Гостите во 33 минута имаа водство од 17-16, по што следуваше серија од 4-0 на Киелце за водство 20-17. Но, ни со тоа не беше скршен отпорот на гостите кои полека стигна до ново израмнување 23-23 најавувајќи интересна завршница.

Почетокот на средбата донесе водство на Киелце, и израмнување на ПИК Сегед, се до 13 минута кога Степанчиќ зголеми на 6-5. Иако Киелце израмни на 11-11 на крајот на првото полувреме ПИК Сегед имаше водство 15-14.

Кај Киелце најпрецизни беа Аркадиуш Моруто со 6 гола, а Симон Сичко даде еден помалку. Кај гостите, Лука Степанчиќ постигна 7 гола, а по четири постигнаа Марио Шоштариќ и Деан Бомбач.

Во следното коло ПИК Сегед е домаќин на Загред, а Киелце гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер.

ТАБЕЛА А ГРУПА

ПозЕкипаGDНПРЛББ.
1ВЕСПРЕМ601412023624
2ФУКСЕ БЕРЛИН29149052718
3ПСЖ ХЕНДБОЛ6149052718
4СПОРТИНГ55148242618
5ДИНАМО БУКУРЕШТ-13146081812
6ВИСЛА ПЛОЦК4145181611
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР-6014329118
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА-8114111243