Начевски и Николов ќе го судат најважниот натпревар за Митревски и Порто

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 13 коло во Лигата на шампионите.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе патува во Порто, Португалија, каде ќе судат многу важен натпревар.

Станува збор за дуелот меѓу Порто каде брани македонскиот капитен Никола Митревски и словенечкиот Целје.

Португалскиот првак мора да забележи триумф за да остане во конкуренција за место во осминафиналето за кое се трка со Висла Плоцк, која има два бода повеќе, но и гостување кај ГОГ Гудме.

Натпреварот меѓу Порто и Целје ќе се игра на 28 февруари од 18:45 часот.