МВП НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ВЛАДАН КАСТРАТОВИЌ (ПРИЛЕП)

Ракометарот на Прилеп, Владан Кастратовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 6. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Средниот бек беше меѓу најзаслужните за победата на Прилеп против еден од главните ривали во битката за опстанок, тимот на Вардар Неготино.

Главен конкурент на Кастратовиќ во гласањето беше негвиот сонародник, голманот Василије Печурица, кој брани за Еурофарм Пелистер 2.

Кастратовиќ освои околу 55% од гласовите на анкетата, додека второпласираниот Печурица имаше околу 28%.

Номинирани за МВП на 6. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Денис Василев, Евгениј Темелкоски, Хансер Родригез, Мартин Манасков и Дарко Ѓукиќ.