МВП НА 4. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА – ДИМИТАР УЗУНЧЕВ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Членот на Бутел Скопје, Димитар Узунчев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на четвртото коло од Супер лигата.

Младинскиот репрезентативец на натпреварот против Радовиш постигна дури 14 погодоци, но и зад своето име имаше запишано и неколку асистенции кон своите соиграчи.

Узунчев освои 45% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше кружниот напаѓач на Куманово, Борјан Цековски, кој освои околу 36%.

Номинирани за МВП на 4. коло од Супер лигата беа уште Марко Срдановиќ, Никола Костески, Александар Василевски, Градимир Чаневски и Матија Николиќ.