Членот на Пролет, Стефан Атанасовски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 21. коло од Супер лигата.
Кружниот напаѓач на натпреварот против Радовиш имаше неколку погодоци во серија во моментите кога се кршеше резултатот во корист на неговиот тим и беше меѓу најзаслужните за обезбедениот триумф.
Атанасовски освои околу 35% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше средниот бек на Прилеп, Божидар Илиески, кој имаше околу 31%.
Номинирани за МВП на 21. коло од Супер лигата беа уште Васил Гогов, Александар Стојков, Габриел Гуедеш, Дејан Манасков и Мартин Манасков.