МВП НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – АЛЕКСАНДАР МИЦЕВ (ВАРДАР НЕГОТИНО)

Голманот на Вардар Неготино, Александар Мицев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на второто коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

За младиот Мицев, како и за неговиот тим, ова е прво МВП признание во тековната сезона.

Голманот на Вардар Неготино во второто коло со 15 одбрани го предводеше својот тим до важна победа над Мулти Есенс од 27:25.

Мицев немаше голема конкуренција на гласањето, освои околу 56% од гласовите на анкетата, додека второпласираниот Денис Шабановиќ од Прилеп имаше околу 34%.

Номинирани за МВП на првото коло беа уште Филип Кузмановски, Гоце Ојлески, Милан Лазаревски, Алем Хаџиќ, и Томислав Јагуриновски.