Членот на Струга, Ненад Костоски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 15. коло од Супер лигата.
Стружанецот имаше одлична партија против Куманово и со 11 погодоци го предводеше својот тим до трета победа во новата натпреварувачка сезона.
Костоски освои околу 73% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше ракометарот на Бутел Скопје, Тодор Узунчев, кој заврши со 14%.
Номинирани за МВП на 15 коло од Супер лигата беа уште Никола Летиќ, Ивица Илиев, Никола Митревски, Гал Цирар и Тарик Бакар.