Ракометарот на Куманово, Дарио Симоноски, го доби признанието за најкорисен играч, односно за МВП на последното, 14. коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите во важниот триумф против младиот тим од Автокоманда во борба за директен опстанок во Супер лигата.
На гласањето Симоноски освои околу 60%, додека второпласиран беше голманот на Прилеп, Иван Ангелески, кој имаше околу 24% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Номинирани за МВП на 14. коло од плеј-оф и плеј-аут фазата беа уште Филип Кузмановски, Богдан Радивојевиќ, Гоце Ојлески, Ласко Андоновкси и Нејц Цехте.