Десното крило на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на првото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
За членот на Прилеп ова е второ МВП признание во тековната сезона, беше најкорисен играч и во 5. коло од регуларниот дел.
Црногорецот, кој е еден од најдобрите стрелци во Прилеп, имаше важен придонес во победата над дебитантот Борец ФЛ.
Шабановиќ освои околу 45% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Давид Димевски од Куманово со 38%.
Номинирани за МВП на првото коло од плеј-оф/аут беа уште Доне Мајнов, Мигел Еспиња, Милан Лазаревски, Ловро Јотиќ и Цветан Кузманоски.