Муса започнува тренерска кариера, ќе биде предводник на Луцерн

Прославениот репрезентативец на Хрватска, Жељко Муса, на лето ќе ја заврши својата кариера, но ќе остане во ракометот.

Искусниот ракометар, кој во текот на 2023 година направи трансфер од Загреб во Криенс Луцерн, ќе биде новиот тренер на швајцарскиот клуб.

Раководството на Криенс Луцерн одлучи за наследник на српскиот стратег Петар Кукучка да го постави токму Муса, пред сѐ поради неговото големо искуство.

Муса во својата клупска кариера има соработувано со многу познати ракометни имиња и сигурно нема да му биде лесно во првиот предизвик како тренер.

Криенс Луцерн се наоѓа на 2. позиција во шампионатот на Швајцарија, има 35 бодови, додека актуелниот лидер Кадетен Шафхаузен 45.