Многу натпревари во младинските категории викендов – еве го распоредот

Претстојниот викенд ќе бидат одиграни голем број натпревари во сите младински категории. Во машката младинска лига на програмата е 10 коло.

Шампионот Голден Арт ќе игра на домашен терен со Алкалоид, Прилеп го пречекува Мулти Есенс, градски двобој ќе играат Вардар и Пролет.

Охрид го пречекува тимот на Тиквеш, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против Младост Богданци. Првиот тим на Еурофарм Пелистер ќе гостува во Скопје, кај тимот на Бутел. Тимот на Овче Поле во ова коло е слободен.

Младинци, 10. коло:

03/12, 12:00, Прилеп – Мулти Есенс
03/12, 12:00, Голден Арт – Алкалоид
03/12, 19:00, Еурофарм Пелистер 2 – Младост Богданци
03/12, 12:30, Охрид – Тиквеш
03/12, 16:00, Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер
03/12, 15:00, Вардар – Пролет
Овче Поле слоб.

Во женската младинска лига на програмата е 7. коло. Во првиот меч Илинден Вардар го совлада Куманово со минимални 23-22.

Шампион играше против Спартак доцна синоќа, додека дополнително ќе се одигра дербито меѓу Вардар и Ѓорче Петров.

Младинки, 7. коло

02-03/12, Вардар – Ѓорче Петров
Илинден Вардар – Куманово 23-22
Шампион – Спартак
Скопје слоб.

Кај кадетите во две групи се играат дуели од 5 коло, додека во третата група на програмата се натпреварите од 6 коло.

Во група А, се одигра натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Прилеп, каде победа забележа битолскиот тим со 36-27. Лидерот Охрид е слободен во ова коло. Струга е домаќин на Преспа Вардар, додека Скопје ќе игра против Кузман Вардар.

Во група Б, Лидерот Еурофарм Пелистер 2 ќе бара нови бодови против Вардар. Голден Арт ќе го пречека Тиквеш, додека Мулти Есенс ќе бара победа против Младост Богданци. Вардар Неготино дома ќе игра против Партизан Гевгелија

Во група В, Алкалоид сака нови бодови против тимот на Македонија Ѓорче Петров. Бисинов по поразот од Алкалоид минатото коло, ќе бара утеха против Бутел Скопје. Аеродром на тешко гостување кај Астраион.

Кадети, 5. коло:

Група А
Еурофарм Пелистер – Прилеп 36-27
02/12, 11:00, Скопје – Кузман Вардар
03/12, 12:30, Струга – Преспа Вардар
Охрид слоб.

Група Б
02/12, 14:30, Вардар – Еурофарм Пелистер 2
02/12, 10:30, Голден Арт – Тиквеш
04/12, 18:00, Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
06/12, 20:00, Мулти Есенс – Младост Богданци

Група В, 6 коло
03/12, 12:00, Астраион – Аеродром
05-06/12, Македонија Ѓорче Петров – Алкалоид
04/12, 21:00, Бисинов – Бутел Скопје
Борец слоб.
Куманово слоб.

Кај кадетките се игра последното коло од есенскиот дел од сезоната.

Стружанка ја продолжи победничката серија на гости кај Јехона и славеше со 37-16. Лидерот на табелата Ѓорче Петров гостува кај тимот на Илинден Вардар.

Делчево Вардар е домаќин на Гевгелија, додека екипата на Чаир ќе ја пречека екипата на Вардар.

Кадетки, 7. коло:

Јехона – Стружанка 16-37
02/12, 12:00, Чаир – Вардар
03/12, 15:00, Делчево Вардар – Гевгелија
02/12, 10:30, Илинден Вардар – Ѓорче Петров

Викендов на програмата има многу средби од 8 рунда во машката пионерска лига.

Во група А, има езерско дерби меѓу Охрид и Динг. Вардар ја пречекува Струга, Еурофарм Пелистер 2 славеше на гости кај Јуниор КВ со 51-3, а Мулти Есенс ќе брка победа против Асови Вардар.

Во група Б, ќе се игра градски двобој меѓу Голден Арт Аеродром и Алкалоид, а интересно треба да биде на локалното дерби меѓу Тиквеш и Вардар Неготино. Прилеп ќе оди на победа против Скопје, додека лидерот Еурофарм Пелистер е фаворит против Младост Јуниори.

Во група В, лидерот Куманово против Радовиш, тимот на Аеродром на гостување во Свети Николе, Бисинов ќе игра против Македонија Ѓорче Петров, а составот на Пролет против Текстилец. Астраион ќе го нагости Бутел Скопје.

Пионери, 8. коло:

Група А
02/12, 12:30, Вардар – Струга
Јуниор Кисела Вода – Еурофарм Пелистер 2 3-51
02/12, 12:00, Мулти Есенс – Асови Вардар
03/12, 11:00, Охрид – Динг
Голден Арт слоб.

Група Б
03/12, 10:30, Голден Арт Аеродром – Алкалоид
03/12, 13:00, Скопје – Прилеп
02/12, 12:00, Младост Јуниори – Еурофарм Пелистер
02/12, 13:00, Тиквеш – Вардар Неготино
Илинден Вардар слоб.

Група В
03/12, 11:00, Куманово – Радовиш
02/12, 18:00, Македонија Ѓорче Петров – Бисинов
02/12, 17:00, КЛ7 Свети Николе – Аеродром
02/12, 13:00, Астраион – Бутел Скопје
02/12, 17:30, Пролет – Текстилец

Викендов на програмата се натпреварите од последното коло од есенскиот дел од сезоната во женската пионерска лига.

Во група А, се одигра еден натпревар, каде Вардар оствари победа против Старк со 32-6 и остана лидер на табелата со 21 бод.

Делчево Вардар ќе оди на мегдан против Металург Автокоманда и со победа ќе го преземе второто место на табелата.

Овче Поле СУ ќе го пречека Младост Богданци, додека Астибо ќе одигра натпревар со Кузман Вардар Илинден.

Во група Б, Ѓорче Петров со победа над Младост Јуниори ќе остане на првото место на табелата во оваа група.

Стружанка ќе игра против Деспина на домашен терен, додека Чаир ќе ја пречека екипата на Лихнид, а Металург ќе бара бодови против Пелистер.

Пионерки, 7. коло:

Група А
Вардар – Старк 32-6
02/12, 15:00, Астибо – Кузман Вардар Илинден
02/12, 19:30, Овче Поле СУ – Младост Богданци
02/12, 12:00, Делчево Вардар – Металург Автокоманда

Група Б
03/12, 12:00, Чаир – Лихнид
02-03/12, Металург – Пелистер
02/12, 10:00, Младост Јуниори – Ѓорче Петров
02/12, 15:00, Стружанка – Деспина