Вардар го задржа младинскиот репрезентативец Стојановски до 2026!

Младиот Марио Стојановски кој сезонава е стандарден првотимец во сениорскиот тим на Вардар, а истовремно и дел од младата репрезентација на Македонија го продолжи договорот со „црвено-црните“ до јуни 2026 година.

Со тоа Вардар потврди дека сериозно работи на формирање на состав што ќе биде костур на тимот за следните сезони.

Тој е вториот ракометар кој реши да ја продолжи верноста со тимот, по Марко Срдановиќ кој истотака ќе остане до 2026 година во Скопје.

Стојановски игра на позицјата лево крило (20) и се повеќе добива шанса од тренерот Владо Недановски, и истата ја оправдува, со добра игра и голови.

Вардар моментно е првопласиран во Б групата и повеќе од сигурно ќе пренесе три бода во разигрувањето за титулата. Целта на Вардар сезонава е враќање на врвот и во Лигата на шампионите, и освојување на двојната круна.