Младинскиот репрезентативец Томислав Димковски беше успешно опериран по повредата што ја заработи на еден од последните натпревари во Супер лигата.
Повредата на рамото беше од посериозен карактер, па мораше да биде извршен хируршки зафат што успешно беше реализиран во клиника во Софија.
Димковски се чувствува добро по операцијата, а неговиот камбек на терените се очекува по најмалку два месеци.
Тимот на Пролет се уште е во битка за место во плеј-офот, а Димковски е важна алка во составот на Александар Јовиќ.