Младинците започнуваат со „контролките“ за ЕП 2024

Младинската репрезентација на Македонија денес ќе го одигра првиот од двата планирани пријателски дуели со Турција.

Селекторот Раде Стојановиќ во Анкара ќе има можност да ја провери формата на сите повикани играчи. Поради повреда, оваа акција ќе ја пропуштат Славчо Шулески, Дамјан Субашевски и Антонио Николовски.

Во репрезентативниот табор се врати Димитар Узунчев, кој поради повреда го пропушти кадетскиот Мундијал во Хрватска.

Денешниот дуел со Турција ќе биде со почеток од 15:00 часот, додека вториот контролен дуел ќе се одигра на 5 ноември со почеток од 17:00 часот.

По контролните средби со Турција, младинците следниот месец ќе учествуваат на „Трофеј Карпати“ во Романија.