Покрај сениорската репрезентација, од денеска ќе бидат активни и младинците, кои ги продолжуваат подготовките за настапот на Мундијалот во Полска.
Селекторот Раде Стојановиќ ќе смета на 20 ракометари, а нема четворица од стандардните кои се со сениорската репрезентација – голманот Иван Галевски, десното крило Александар Петковски, левиот бек Дамјан Митев и пивотот Валентин Карасманакис.
Повратници се Томислав Димковски и Славчо Шулески, деби повик има за десниот бек Лука Ѓорѓиевски. Нова шанса за докажување ќе имаат Борјан Дамјаноски, Марко Трајков, Давид Трајкоски, Андреј Глигоров, Петар Стојаноски…
Во оваа акција, младинците ќе одиграат еден пријателски натпревар, против составот на Бутел Скопје на 8 мај.
Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на Светското првенство во Полска, каде Македонија ќе се соочи со Исланд, Фарски Острови и Романија. Мундијалот се игра од 18 до 29 јуни.