ФОТО: Андреј Ристески

Младинци: Заврши есенскиот дел – шампионот победнички на пауза, Бутел со цел плен од Автокоманда

Викендов се комплетираше 13. коло и последно за есенскиот дел кај младинците. Актуелниот шампион Голден Арт беше убедлив против Прилеп со 43-28. Најефикасен кај Голден Арт беше Владимир Наумоски со 13 гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Давид Трајкоски со 11 гола.

Младост Богданци триумфираше против Вардар со 35-22. Најефикасни во редовите на Младост Богданци беа Ристе Пеев, Душан Каркалашев и Трајче Костадинов со по пет гола.

Овче Поле ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2, откако славеше со 36-33. Најефикасен кај Овче Поле беше Бојан Гичев со 13 гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Томче Пецаковски со 15 гола.

Пролет беше сигурен на гостувањето кај Тиквеш со 34-29. Најефикасен кај Пролет беше Георгиј Спасовски со осум гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Славчо Шулески со 14 гола.

Бутел Скопје славеше кај Алкалоид со минимални 29-28. Најефикасен кај Бутел Скопје беше Марио Касевски со осум гола, додека кај Алкалоид најефикасен беше Максим Габрески исто така со осум гола.

Мулти Есенс победнички против Охрид со резултат 36-21. Најефикасен кај Мулти Есенс беше Тодор Узунчев со 10 гола, додека кај Охрид најефикасен беше Дамјан Недески со седум гола.

На табелата лидер е Мулти Есенс со 36 бода, зад него е Голден Арт со 29 бода, Младост Богданци е трет со 28 бода, додека првата четворка ја заокружува Пролет со 26 бода.

Младинци, 13. коло, резултати:

Тиквеш – Пролет 29-34
Овче Поле – Еурофарм Пелистер 2 36-33
Младост Богданци – Вардар 35-22
Мулти Есенс – Охрид 36-21
Прилеп – Голден Арт 28-43
Алкалоид – Бутел Скопје 28-29
Еурофарм Пелистер слоб.