Шампионот Голден Арт продолжува со победите во машката младинска лига и во меч од 10 коло го совлада Алкалоид со резултат 32-22. Најефикасен во редовите на Голден Арт беше Петар Стојаноски со девет гола, додека кај тимот на Алкалоид најефикасен беше Теодор Пецаноски со осум гола.
Лидерот на табелата Мулти Есенс ја продолжи победничката серија на гостување кај Прилеп, откако славеше со 38-24. Најефикасен кај Мулти Есенс беше Димитар Узунчев со 14 гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Ангел Крстески со осум гола. Кај екипата на Прилеп поради три исклучувања Давид Јорданоски заработи црвен картон.
Тимот на Младост Богданци триумфираше на тешкото гостување кај Еурофарм Пелистер 2 со конечни 35-33. Најефикасни кај Младост Богданци беа Душан Каркалашев со девет гола и Илија Чрчев со осум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Марко Димовски со 16 гола.
Бутел Скопје по ремито со Пролет, на домашен терен забележа сигурна победа против Еурофарм Пелистер со 44-33. Најдобар стрелец во составот на Бутел Скопје беше Марко Стојанов со седум голови, додека најдобри стрелци кај екипата на Еурофарм Пелистер беа Благој Христовски и Владимир Ацковски со по десет голови.
Составот на Пролет оствари победа во градското дерби со Вардар со убедливи 14 гола разлика, 34-20. Најефикасен во редовите на Пролет беше Андреј Ниневски со 12 погодоци, додека кај Вардар најефикасен беше Огнен Тасевски со седум погодоци.
Младинци, 10. коло, резултати:
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 44-33
Еурофарм Пелистер 2 – Младост Богданци 33-35
Вардар – Пролет 20-34
Прилеп – Мулти Есенс 24-38
Голден Арт – Алкалоид 32-22
Охрид – Тиквеш 10-0 сл.
Овче Поле слоб.