Собирот на ракометарите за подготовките за СП 2025 беше денеска рано наутро, а по него, македонската експедиција веднаш се упати за Стара Пазова, каде што ќе биде осум дена.
Искусниот репрезентативен голман на Македонија, Никола Митревски, ќе биде еден од главните алки на „црвено-жолтите“ на Мундијалот во јануари.
Митревски верува дека до стартот на СП ќе бидат максимално подготвени и ќе имат доволно време за воигрување.
„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“.
Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја, а најдобрите три селекции ќе обезбедат место во главната рунда.
Селекторот Кирил Лазаров за СП 2025 ќе смета на 20 ракометари, меѓу кои не се Мартин Томовски и Филип Талески.
Стартуваше „мисијата СП 2025“ – во Србија загревање за Хрватска