Тимот на Спортинг Лисабон освои тројна круна во Португалија, откако славеше во финалето на Купот против Порто со 34-30.
Капитенот на Македонија, Никола Митревски, го одигра последниот натпревар за сега веќе поранешниот шампион Порто.
Тој беше најдобар на теренот и забележа 15 одбрани против Спортинг во финалето на Купот, но тоа беше премалку.
Митревски за новата сезона прави камбек во родната Битола и ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер.
Со Порто, Митревски за четири сезони освои три шампионски титули, по еден трофеј во Купот и Супер Купот на Португалија.