Репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на Светското првенство 2025.
Втор ривал на избраниците на Кирил Лазаров ќе биде репрезентацијата на Холандија, која во првото коло одигра без проблеми против Гвинеја.
Голманот Никола Митревски ги истакна очекувањата за дуелот против „лалињата“ и се надева на освојување на бодовите.
„После одличниот натпревар против Унгарија сега не очекува натпревар со Холандија, ќе се обидеме да ја повториме перфектната игра и да извлечеме некој бод, со надеж дека сега ќе бидат два. Најважно ќе биде да го задржиме фокусот и концентрацијата во текот на сите 60 минути бидејќи видовме на натпреварот со Унгарија дека само еден мал детал може да го одлучи исходот”, изјави Митревски.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија е закажан за 18:00 часот.