Митревски и Талески се избегнаа во осминафиналето од португалскиот Куп

Тимовите на Порто и Бенфика, каде што настапуваат македонските репрезентативци Никола Митревски и Филип Талески, ги дознаа ривалите во осминафиналето од Купот на Португалија.

Митревски и Порто за пласман во четвртфиналето ќе се борат против Агуаш Санташ, кој моментално е петтопласиран во португалскиот шампионат.

Филип Талески и Бенфика, исто така, добија незгоден ривал, а тоа е екипата на АБЦ Брага.

Исто како и Бенфика, тимот на Брага во првиот дел од тековната сезона не успеа да ја мине првата фаза во Лигата на Европа.

Минатата сезона титулата во Купот на Португалија ја освои Спортинг Лисабон, откако во финалето славеше над Мадеира.