Црногорецот Мирко Мајиќ, кој најголем дел од својата плодна играчка кариера ја изгради во Македонија, ова лето ќе започне тренерска кариерата во татковината.
Мајиќ ќе биде дел од стручниот штаб на неговиот матичен клуб Будуќност Подгорица, а исто така ќе работи и со младите категории во клубот.
Левото крило, кое постигна повеќе од 1.000 погодоци во настапите за Радовиш, МАКС Струмица, Бутел Скопје и Тиквеш, по седум сезони во Македонија реши да се врати дома и да ја заврши кариерата.
Во татковината играше за Будуќност Подгорица, Рудар Плевља, Сутјеска и Даниловград, пред во 2015 година да дојде во нашата Супер лига.
Последната сезона од играчката кариера ја помина во Тиквеш, а со кавадарчани и со бутелци настапуваше и во европските купови.