Тимот на Металург Автокоманда оствари лесен триумф над Астибо со 44-24 во натпреварот од 16. коло во плеј-офот од Женската лига.
Избраничките на Јулијана Дамчевска, предводени од Таида Беровиќ со осум и Сара Миновска со седум гола, уште по првиот дел го решија прашањето на победникот, кога беше 19-13.
Во второто полувреме домаќинките постигна дури 25 гола и на крајот запишаа повеќе од убедлива победа.
Кај Астибо во отсуство на првиот стрелец Марија Анчева, се истакнаа Елена Вучевска со десет и Елена Димова со осум погодоци.
Ова беше важна победа за Металург Автокоманда во трката за второто место на табелата со Чаир. Металург Автокоманда сега има 25 бодови, додека Чаир е трет со 21 бод.