По продолжената соработка со Леон Шушња, полскиот шампион Висла Плоцк денеска објави дека Ловро Михиќ останува во клубот.
Левото крило, кој во тимот на Сабате настапува од сезона 2016/17, договорот го продолжи до 2028 година.
Искусниот Михиќ е еден од главните алки во Висла Плоцк и речиси на секој натпревар е меѓу најдобрите стрелци.
Висла Плоцк претходно ја продолжи соработката со репрезентативецот на Унгарија, средниот бек Герго Фазекаш.